Најавен првиот кружен паметен телефон

Од:

По околу пет години на развој, креаторите на првиот кружен паметен телефон, му го покажаа својот пронајдок на светот. Се работи за „Cyrcle Phone“ – веројатно еден од најнеочекуваните уреди претставени на Саемот за електроника 2020, во Лас Вегас.

Првичната идеја била создавање поудобен телефон од вообичаените, кој би се вклопил во секој џеб без проблеми. Сепак, ова сè уште е само прототип, а првиот вистински кружен телефон би требало да излезе во продажба нареднава година, доколку сè оди според очекувањата.

Не се очекуваат промени во дизајнот, но она што е речиси сигурно е дека уредот ќе има два 3,5-милиметарски приклучоци за слушалки, на спротивни страни од апаратот.

Следно што треба да се направи е прилагодување на Андроид оперативниот систем со вообичаените апликации со кружниот екран.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска