Познатиот американски режисер Вуди Ален ќе ја добие наградата Сесил Б. Демил на претстојната церемонија на доделување на Златен глобус во Лос Анџелес.
Наградата ќе му биде доделена за придонес во кинематографијата.
Вуди Ален (77) во 1978 година доби Оскар за сценарио и режија за филмот Ени Хол. Претходни добитници на таа награда се и Морган Фриман, Мартин Скорсезе и Ентони Хопкинс. Доделувањето на Златен глобус ќе биде на 12 јануари.