Над 4000 граѓани се обидоа ја направат најголемата елка од луѓе

Од:

Голем број граѓани денеска на Плоштадот „Македонија“ се придружија на обидот за поставување нов Гинисов рекорд за најголема новогодишна елка во светот направена од луѓе. На овој интересен потфат присуствуваше и Градоначалникот Петре Шилегов.

– Благодарност до сите граѓани, сите скопјани, што земаа учество во оваа предновогодишна манифестација. Направени се снимките, тие ќе бидат испратени и деновиве ќе очекуваме известување дали е соборен Гинисовиот рекорд. Ние очекувавме околу 5500 луѓе, не успеавме да ја доловиме таа бројка, но имаше околу 4000 луѓе што е блиску до рекордот од 4.030 учесници и треба да почекаме официјално да видиме дали е срушен рекордот. Верувам дека доколку ова биде рекорд, на сите што беа учесници ќе им претставува убав спомен во нивните животи – изјави Градоначалникот Шилегов на денешниот настан.

Најголемата елка од луѓе според Гинис е направена во Индија, во 2015 година, со 4.030 учесници.

Настанот беше проследен со музичко-забавна програма, а за доброто расположение на учесниците се погрижија Бени Шаќири и Нон стоп.

Би можело да ве интересира

Светски рекорд: Американец уловил 2.645 риби за 24 часа

Ана Ололовска

Почина наjстариoт мaж вo светот

Ана Ололовска

Најстариот човек на светот повторно е Јапонец – има 112 години и 344 дена

Ана Ололовска

Жени од Словенија се обидуваат да го соборат Гинисовиот рекорд во плетење

Ана Ололовска

Град Скопје: Придружете ни се, да направиме најголема елка од луѓе за Гинис

Ана Ололовска

Рекорд за Гинис: Најстариот брачен пар заедно има 211 години

Татјана Ташкова