Над 2.000 продадени карти досега за скопскиот концерт на Whitesnake!

Од:

Легендарните Whitesnake досега имаат над 2.000 продадени билети за претстојниот концерт во арената „Борис Трајковски“, што е рекорд на Авалон продукција, кога во прашање се светски концерти во Скопје (точно на еден месец пред концерт единствено Lenny Kravitz имаше продадено толку билети за концертот кој се одржа во Охрид во 2008 година).

Whitesnake го вклучија Скопје во рамките на светската турнеја „The Purple Tour“, во која пред македонските фанови ќе го промовираат својот последен музички проект насловен „The Purple album“. Шармантниот рокер David Coverdale одлучи да ги вклучи своите омилени песни што ги отпеа своевремено со Deep Purple во периодот од 1973 до 1976 година, песни кој во најголем број ги напиша заедно со Ritchie Blackmore.
Навистина, се работи за единствена можност публиката во една вечер да ги чуе најголемите хитови на Deep Purple: „Burn“, „Stormbringer“, „Soldier of Fortune“, „The Gypsy“, како и незаборавните хитови на Whitesnake: „Here I go Again“, „Fool For Your Loving“, „Still Of The Night“, „Is this Love“…
Концертот е закажан за 25 ноември во арената „Борис Трајковски“, во организација на Авалон продукција. Влезниците за овој голем рок спектакл се пуштени во продажба преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com и во Југотон, по цени од: 900 денари за партер, 1200 денари за трибина и 1500 денари за фан-пит.

Авалон продукција е организатор на концертите на Whitesnake и во Загреб (21.11.2015 г.) и во Белград (22.11.2015 г.).

 

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски