На свршеникот на Лејди Гага му е драго што се ослободил од неа

Од:

Поп-пејачката Лејди Гага (32) пред две недели ја раскинa свршувачката со нејзиниот менаџер Кристијан Карино (50), а како можна причина за тоа се наведува нејзината афера со нејзиниот колега-глумец од филмот „Ѕвездата е родена“, Бредли Купер.

Нивната врска сепак, сѐ уште е на ниво на гласини. А, страстната заедничка изведба на „Shallow“ на Доделувањето на Оскарите, само ги разгоре озборувањата.

Хемијата меѓу Купер и Гага на сцената, веќе неколку дена е топ-тема на светските таблоиди, а за тоа имаше бројни реакции од други шоу-ѕвезди. Сопругата на Купер, манекенката Ирина Шајк прва стана да им ракоплеска по настапот, и потоа навести дека таа „хемија на сцената“ не значи ништо, но медиуми откриваат дека таа и Лејди Гага веќе не се следат на Твитер.

По сѐ ова, забележливо е и тоа што еден следач на Тејлор Кини – поранешниот свршеник на пејачката, прокоментира дека нему сигурно „му е драго што навреме се ослободил од неа“.

Актерот не го потврди, но ниту го порека тоа, туку само стисна „допаѓање“.

Лејди Гага беше свршена со Кини од 2015 до 2016 година, а прекинот го правдаа со многуте работни обврски.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска