Од 101 издание, од шест водечки холивудски студија во 2012, само 14 вклучиле ликови идентификувани како припадници на LGBT заедницата, пишува во извештајот на Гајенд Лезбијен Алијанс Ангенс Дефамејшн (GLAAD).
Во првата стидија на ЛГБТ за улогите во поголемите филмски изданија, GLAAD откри дека во споредба со телевизијата, каде во последната деценија е направен значителен исчекор, големите студија немаат желба да ги вклучуват ЛГБТ ликови во позначајните улоги или франшизми.
Повеќето од сите 14 улоги во 2012 не биле ништо повеќе од помали споредни улоги, а ниту еден филм не вклучил транссексуални лица.
– Се додека ЛГБД ликови редовно не се појавуваат во филмовите на овие студија, ќе има проблеми вели Вилсон Трус, портпарол на ГЛААД.
Имало и некои светли примери во минатата година, како и некои двосмислени, соопшти GLAAD. На пример „Скајфол“, последниот филм во франшизата на британскиот таен агент Џејмс Бонд, го прикажа главниот негативец кој е видливо бисексуалец.
– Беше прекрасно да се види ЛГБТ лик во така значајна улога. За жал ликот е неискрен, психотичен и недоверллив, изјави Мет Кане од GLAAD.
Извештајот наречен „Индекс на одговорноста на студијата во 2013“ ги оцени сите шест студија врз основа на бројот на филмови во кои вклучиле ЛГБТ ликови.
Најлоши биле Твенти Сенџури Фокс и Дизни, додека Парамонт, Сони, Универзал и Ворнерброс оценети се како примерни.