На Дејв Мастејн од „Мегадет“ му е дијагностициран рак на грлото

Од:

Фронтменот на американскиот метал бенд „Мегадет“, Дејв Мастејн изјави дека му бил дијагностициран рак на грлото.

Пејачот и гитарист ја сподели веста на социјалните мрежи. Тој напишал дека соработува со докторите, со кои направиле план за лекување и се надева дека има 90 отсто шанса за успех. Третманот на музичарот е веќе почнат.

Поради здравствениот проблем на Мастејн, групата беше принудена да откаже голем дел од нејзините концерти.

Сепак, тој и неговите колеги продолжуваат да работат на новиот албум. Последниот албум беше издаден во 2016 година „Дистопија“, а награден со „Греми“ во 2017 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лејди Гага падна од сцената

Ана Ололовска

Познатиот холивудски „секс-стројник“ почина на 96 години

Ана Ололовска

Нови обвиненија за сексуално злоставување против Куба Гудинг-џуниор

Ана Ололовска

Почина тригодишната ќерка на глумецот Мигел Сервантес

Ана Ололовска

Доли Партон е горда на својот младешки изглед

Ана Ололовска

Почина актерот Роберт Форстер