На Д Фестивалот во Дојран ќе настапат над 50 музички ѕвезди

Од:

Единствениот музички фестивал на отворено кај нас, популарниот „Д-Фест“ годинава ќе се одржи од 12 до 14 јули во Стар Дојран со тридневна, неверојатно богата програма и фестивалски камп.

На шест музички бини ќе настапат повеќе од 50 музички ѕвезди и над 100 уметници и креативци кои ќе земат учество во бројните активности,перформанси и работилници кои ќе се одвиваат на повеќе од 20 зони на годинашново деветто издание на „Д-Фест“, изјавија организаторите од Пасворд продукција и општина Дојран.

Трите фестивалски вечери на досега најголемото издание на фестивалот,покрај музичките настапи,вклучуваат и бројни работилници, изложби, дебати, базар на уметнички дела и ракотворби и уште многу други содржини кои придонесуваат ова да биде единствена фестивалска авантура кај нас.

Сместувачките капацитети во Дојран се веќе целосно иполнети што е уште еден показател дека овој Д-Фест ќе биде најуспешен до сега. Оние кои ќе купат билети заклучно со денешниот ден,10 јули,ќе го сторат тоа по промотивни цени од 800 денари за четири дневен билет без кампување,односно по 850 денари со кампување.

Би можело да ве интересира

Двајца мажи краделе во туристички капацитети и викенд-куќи во Дојран

Се шири пожарот кај Дојран, се очекува поддршка за гаснење од воздух

Горан Наумовски

Уапсени дваесет лица, од кои еден Грк: Фатени се со дрога на фестивал во Дојран

Орце Костов

Градоначалникот на Дојран бара во летниот период да проработи Хидросистемот „Ѓавато“

Ана Ололовска

Дојранско не се полни со свежа вода оти годишниот трошок за струја скокнал од 1 на 3,9 милиони евра, за Екологија нема простор за загриженост

ВИДЕО: Три месеци стопиран системот за полнење на Дојранско Езеро, се стравува од нова еколошката катастрофа

Маја Илиевска-Пачемска