На арапскиот космонаут на МВС му се зголемила главата

Од:

Првиот космонаут од Обединетите Арапски Емирати, Хаза ал Мансури минатата седмица пристигна на Меѓународната вселенска станица (МВС).

Кусо по доаѓањето, тој откри промени кај самиот себе – главата му се зголемила за некој сантиметар.

Сѐ тоа има совршено рационално стручно објаснување, и веројатно, космонаутот го знае тоа. Тоа се случува со сите коишто престојуваат во Земјината Орбита. Органите, како и целото тело во бестежински простор, ја задржуваат масата, но не се соочуваат со силата наречена тежина. Тоа пак, резултира со подувување, издолжување или растење на делови од телото. И, сѐ тоа е сосем нормално.

Хазал денеска се враќа од МВС. Кога арапскиот космонаут ќе се врати на Земјата, сѐ ќе се врати во првобитната положба, но и тогаш тој ќе треба да мине низ одредени фази необични и чудни за обичниот човек, истакнуваат стручните лица.

Би можело да ве интересира

НАСА за првпат лансира сонда со екипаж и повеќекратна ракета на СпејсЕкс

Жарко Настоски

ВИДЕО: Успешно лансирана ракетата „Фалкон-9“ на „СпејсЕкс“ со четворица астронаути

Жарко Настоски

„Сојуз МС-16″, со тројца космонаути, се закачи за Меѓународната Вселенска Станица

А1он