Новиот тоалет на Меѓународната вселенска станица чини 23 милиони долари

Од:

Меѓународната вселенска станица доби нов тоалет. Тој чини 23 милиони долари и е дел од новата опрема на НАСА, која ќе се тестира три години и можеби ќе се користи за мисиите на Месечината и на Марс во иднина.

Универзалниот систем за управување со отпад зафаќа за две третини помалку простор и е за 40 отсто полесен од тоалетот што сега се користи на вселенската станица.

Покрај тоа, новиот ќе може да им служи на многу поголеми екипи.

– Екипажот на Станицата ќе ја провери работата на УВМС во услови на бестежинска состојба. Системот ќе биде инсталиран веднаш до сегашниот тоалет, изјави Мелиса Меккинли, дел од проектот на НАСА.

Тоалетот беше доставен до МВС со товарниот брод „Нортроп Груман Сајнус“ на 29 септември, како дел од планираното лансирање за испорака на товар до сателитот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“

Најмоќниот телескоп на НАСА можеби открил знаци на живот на далечна планета

Катерина Ѓуровски

НАСА објави фотографии од површината на Месечината пред и по падот на руското вселенско летало

НАСА испрати погрешна команда и изгуби контакт со вселенско летало оддалечено 19 милијарди километри

НАСА: Јули 2023 година ќе биде најтоплиот месец досега