Можно е Фејсбук да забранува вести во Австралија поради начинот на плаќање

Од:

Американската компанија „Фејсбук“ најави можно спречување на објавување вести на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Инстаграм“ за компании и приватни лица од Австралија, доколку биде усвоен закон според кој ќе треба да им се плаќа на австралиските медиумски куќи за таа содржина.

Австралиската Влада во јули најави воведување на систем со кој Фејсбук и Гугл би плаќале еден вид авторски права на медиумите за објавените вести. Законот би требало да биде усвоен оваа година.

Кон крајот на минатата година, Владата препорача Фејсбук и Гугл доброволно да склучат договори со австралиските медиумски компании, но преговорите што следеа потоа, беа неуспешни.

Затоа, австралиското регулаторно тело за прашања околу конкуренцијата подготви нацрт-закони според коишто медиумските куќи ќе имаат право да преговараат за праведен паричен надоместок за работата на нивните новинари.

Реагирајќи на тоа, директорот на „Фејсбук“ за Австралија, Вил Истон изјави дека предложените закони предизвикуваат недоразбирања кои само ќе им наштетат на медиумските компании.

Би можело да ве интересира

Ирска отвори две истраги против Фејсбук

Ана Ололовска

Фејсбук: Рекламите против вакцинацијата ќе бидат отстранети

Ана Ололовска

Фејсбук забрани огласи за изборна измама

Ана Ололовска

Фејсбук и Твитер избришале уште стотици лажни руски налози

Ана Ололовска

Фејсбук поради регулативи најавува можност за напуштање на Европа

Ана Ололовска

Австралија е првата земја во која Фејсбук и Гугл ќе плаќаат за вести

Ана Ололовска