Модната куќа „Мајкл Корс“ го менува името

Од:

Познатата модна куќа „Мајкл Корс“ го менува своето име во „Капри холдингс лимитед“.

Компанијата објави дека ја купила италијанската модна куќа „Версаче“ за повеќе од две милијарди долари во септември, нешто помалку по една година откако ја купи и компанијата „Џими Чу“.

„Мајкл Корс“ агресивно се проширува во луксузната мода надевајќи се на зголемување на продажбата.

Мајкл Корс ќе остане главен креативен директор во „Капри холдингс ЛТД“. Од среда новиот симбол на модната куќа на берзата ќе биде ЦПРИ.