Австралиското студио „Ем-3 Архитекчр“ во близина на местото Дентри во прашумите на сојузната држава Квинсленд, ја изгради вилата „Кејп Трибулејшн“, која е иделано место за одмор надвор од градската врева.
Екстериерот на куќата, која со дрвени патеки е поврзана со главниот пат и со блиската плажа, го сочинуваат црни пластични тули и затемнети стакла, кои објектот го камуфлираат во околната дождовна шума.
Куќата има неконвенционална веранда интегрирана во градбата со форма на латинската буква „С“ („S“), која воедно ја има улогата на долга тераса.
Ентериетот на вилата. чиј под е прекриен со шперплоча, а таван е обоен во сино, е во целосна спротивност со нејзината надворешност.
На покривот на викендицата се поставени соларни панели, што ја прави целата градба енергетски ефикасна и целосно самоодржлива.