На една фарма во англиската област Бекингемшир е изградена модерна куќа наречена „Хауи“, чија структура е во синхрона положба со топографијата на нејзината околина.
Пропорционалната градба е опкружена со вертикални дрвени греди, кои формираат темна фасада, од која отскокнуваат светлите тонови на дрвениот приод и главната влезна врата.
Тремот од едната страна на куќата суптилно е поклопен со плочи од јагленосани дрвени штици, зад кои се наоѓаат големите стаклени прозорци.
Употребата на структурни панели придонела за изградба на куќата за многу кус временски период, но во исто време тие придонесуваат за одржување на високо ниво на термална ефикасност на градбата.
Ентериерот на куќата се загрева со употреба на систем на воздушни извори и топлотни пумпи, како и со помош на печка на дрва, која ефикасно ја регулира темературата без претерано трошење на енергрија.