Мобилните телефони ги спасуваат шумите

Од:

Компанијата „Рејнфорест конекшн[“ (Rainforest Connevtion) има план како да ги спаси прашумите, а тој план ја вклучува последната работа на која би помислиле: Мобилни телефон.

На сите им е познато дека дрвото при пањаѓње произведува многугласен звук, а од компанијата се надеваат дека тој звук ќе помогне да се спречи илегалната сеча.

Како сето тоа функционира? Амбиенталните звуци од прашумите ќе бидат снимени и анализирани користејќи микрофон и софтвер на паметните телефони. Секој звук кој потсетува на работа на моторните пила ќе даде предупредување кое веднаш ќе биде проследено на вработените во локалните шуми. На тој начин можат да интервенираат во најкус можен рок и да се спречи сечењето на шумата.

– Можеме да откриеме колку веќе шуми се уништени по пат на сателиски снимки, но проблем е во тоа што тоа го дознаваме од кога веќе се исечени и не можеме да реагираме веднаш, рече Двиати Новита Рини, која работи во центарот за рехабилитација на шуми на Суматра, објаснувајќи го потенцијалот на мобилните телефони.

Предупредувањата можат да бидат испратени со користење на постоечките мобилни мрежи, каде се поставени мобилните. Во индонезиските прашуми, покриеноста на сигналот е многу добра и компанијата инсталирала мал број мобилни со мали трошоци.

Мобилните телефони се полнат со соларна енергија, а компанијата очекува дека наскоро ќе се намалат и трошоците па така и локалното население ќе може само да поставува мобилни по шумите.

Моментално 15 уреди се наоѓаат на тестна фаза во шумата Тарусан на запад на Суматра, но секој од нив покрива смо четвртина квадратен километар.

Ако се се одвива според планот, „Рејнфорест конекшн“ се надева дека ќе собере уште рециклирани мобилни уреди за да ги постави на други делови на островот.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска