Млада двојка од Сиднеј среде ноќ открила гол маж како спие покрај нив во креветот

Од:

Една млада двојка од Сиднеј побарала интервенција на полицијата, откако среде ноќ, открила дека покрај нив, во нивниот кревет спие гол маж.

Обајцата домаќини тврдат дека не слушнале кога натрапникот влегол во нивната куќа,ниту кога се сместил, до нив во спалната соба.

Прва се разбудила жената, која слушнала како некој силно рчи, покрај неа, па почнача да вреска.Нејзините врисоци го разбудиле натрапникот кој се обидел, со облеката во рацете, да побегне од куќата, но бил нападнат од мажот, кој откако го совладал, ја повикал полицијата.

„Бев престрашена и во шок кога ги отворив очите и забележав непознат човек во нашиот кревет.Не знаев што сака и што може да направи„- им изјавила на австралиските медиуми жената, чиј идентитет не се открива.

Кога пристигнала полицијата, натрапникот добил напад на грчеви по телото, па прво бил одведен во болница, каде утврдиле дека зависник од дрога и дека бил дрогиран кога упаднал во куќата.Подоцна е одведен на сослушување и обвинет за недзволен упад во туѓ имот.

Инцидентот се случил околу два часот по полноќ. Се верува дека во куќата влегол, искачувајќи се преку еден прозорец што домаќините го оставале отворен преку ноќта, за нивната мачка.

Нема никакви знаци дека се обидел нешто да украде, туку изгледа сакал само да преспие.Но не му било доволно што нелегално упаданл во туѓа куќа, туку ја побарал и ја пронашол спалната соба, се соблекол и се сместил во креветот до цврсто заспаните домаќини.

Идентитетот на натрапникот не е соопштен освен што се вели дека станува збор за Ирец, на возраст од 25 години.

Би можело да ве интересира

Британка станала порно актерка за да му купи скапи божиќни подароци на синот

Ана Ололовска

Американец тужи музеј поради „ариевски“ приказ на Исус Христос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бизарна мода на одмазда на изневерени жени во Кина

Ана Ололовска

Илјадници пчели одложија летање на авионот на авио-компанијата „Американ“, два пати по ред

Ана Ололовска

Го тужи 12-годишниот внук поради излив на љубов

Ана Ололовска

Уште еден доказ дека не треба да се верува на се што ќе се појави на Интернет

Ана Ололовска