Мистериозна подземна градба во Русија отвора бројни прашања

Од:

Една нова студија покажа дека една мистериозна структура под земја, која се наоѓа во јужниот дел на Русија, може да биде една од најстарите христијански цркви во светот и најстариот христијански храм во таа земја.

Истражувањето беше спроведено од руски истражувачи од Националниот универзитет за наука и технологија (МИСиС) во соработка со Државниот универзитет во Дагестан, Институтот за физика Лебедев, Руската академија на науките и Универзитетот за нуклеарна физика во Москва.

Научниците го користеле методот мион радиографија за скенирање на 12 метри длабоката структура, која се наоѓа во северозападниот дел од тврдината Нарин-Кала, изградена околу 300 п.н.е. Тврдината се наоѓа во јужната руска република Дагестан.

Резервоар за вода или нешто друго

Во соопштението на официјалната веб-страница на МИСиС, се вели дека целта на скенирањето е да им помогне на научниците да ја одредат 3Д-конфигурацијата на оваа структура, бидејќи – “до денес не е сфатено каква е функцијата на оваа градба: дали е резервоар или христијански храм, или нешто друго. “.

На истражувачите им требаа најмалку два месеци за да го завршат скенот откако поставија детектори на длабочина од околу десет метри во внатрешноста на структурата и направија прецизно мерење на тоа што сега е културното наследство на УНЕСКО.

Дури и откако заврши скенирањето, водечкиот експерт на МИСиС, Наталија Полухин не е сигурна што да заклучи за функциите на овој објект.

“Би било чудно да се толкува оваа зграда како резервоар за вода. Во истата тврдина, Нарин-Кала, постои слична подземна зграда, длабока десет метри, а тоа е, всушност, резервоар. Тоа е правоаголна зграда. Но оваа необична структура во која ги поставуваме нашите детектори е во форма на крст, неговата ориентација е строго во согласност со четирите кардинални насоки, а едната страна е два метри подолга од другите. Според археолозите кои ги започнале ископувањата – за време на изградбата зградата била целосно над површината и лежи на највисоката точка на Нарин-Кала. Која е поентата да се стави резервоарот на површината, и тоа на највисоката планина? “, Изјави Полкухина, додавајќи дека тука има повеќе прашања отколку одговори.

Научниците се согласија дека во иднина треба да се направат подетални анализи за да се добие комплетна 3Д слика на мистериозната зграда, која конечно ќе ги разјасни сите детали поврзани со мистеријата – за која намена ја користеле луѓето оваа градба.