Минималистичка куќа во облик на дрвен шатор

Од:

Во градот Нагаока, Јапонија, компанијата „Такеру Шоји Аркитектс“ изгради селска куќа која е всушност дрвена конструкција во облик на шатор, за брачна двојка и две деца.

Таа е сместена на семејниот имот како второ, алтернативно живеалиште, покрај главната куќа, работна куќарка и гаража. „Такеру Шоји Аркитектс“ ја дизајнирале куќата како „непотполно” престојувалиште кое го поттикнува семејството да се потпира и на употребата на други, помали и „пооскудни“ градби, заради „зајакнување на селското заедништво“.

Куќичката е направена да изгледа како голем дрвен шатор, затворен од едната страна. Внатрешниот простор главно го одликуваат дрвени површини, а пак, природната светлина влегува во куќата низ големи триаголни прозорци.

И декорот и мебелот се минималистички, но функционални, а сѐ е онака – традиционално и едноставно, како впрочем и повеќето современи домови во Јапонија.

Би можело да ве интересира

Скопје има нова култура, се наоѓа во населба Аеродром и се вика АудиоКултура

Ана Ололовска

Како ќе изгледаат аеродромите до 2030 година?

А1он

Трансформација: Од „трошна“ колиба во луксузна викендичка близу Витсанд Беј, Англија

Ана Ололовска

Современа куќа во духот на старите времиња

Ана Ололовска

Недела на дизајн во Скопје

Ана Ололовска

ВИДЕО: Опра Винфри стана сопственик на магичен ранч од 6 милиони долари

Ана Ололовска