Милано: Модна недела меѓу традиционалните и дигиталните ревии

Од:

Модната недела во Милано оваа есен ќе се одржи од 22 до 28 септември, при што колекциите за пролет-лето 2021 година, ќе бидат претставени еден дел во облик на дигитални презентации, но и еден дел – во живо.

Тоа ќе биде прва модна недела во Милано со постепено враќање во нормала, бидејќи претходно во јули, таму се организираше модна недела со исклучиво дигитални ревии. Сепак, и овој пат тоа ќе мине со сите потребни мерки на претпазливост и заштита од коронавирусот.

Најавено е дека Валентино, Фенди, Армани, Прада, Долче и Габана, Етро и Макс Мара, меѓу другите, ќе ги претстават своите колекции за време на Модната недела во Милано.

Се проценува дека италијанската модна индустрија ќе се соочи со пад на извозот за 28 отсто поради пандемијата на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски

Ја исмеваа поради изгледот по породувањето: Адријана Лима брутално им одговори на критичарите со нова фотографија

Ана Ололовска