Microsoft ќе инвестира околу 1 милијарди долари во развој на игри за конзолата Xbox One.
Во рок од една година по излегување на Xbox One вo продавниците, компанијата планира да лансира 15 нови игри, изјави претседателот на единицата за интерактивни забавни игри Дон Матрик, во интервју за Official Xbox Magazine.
Осум од новите наслови ќе содржат интелигентни карактеристики, но за сега Microsoft не откриваат детали за нив.
При неодамнешната презентација на платформата за игри, софтверскиот гигант објави неколку игри за конзолата од надворешни програмери, како Call of Duty, Forza Motorsports 5, FIFA 14, Quantum Break, UFC и Madden NFL.
Нови гејминг игри се очекува да бидат претставени на конференцијата Electronic Entertainment Expo 2013 во јуни во Лос Анџелес.