Место за патување во вселената со Џеф Безос продадено за 28 милиони долари

Од:

Богат среќен добитник на аукција плати 28 милиони долари за патувањето во вселената со основачот на Амазон, Џеф Безос.

Тоа ќе биде првиот туристички вселенски лет на компанијата „Блу Ориџин“ на Џеф Безос, што е закажан за 20 јули, на годишнината од слетувањето на Аполо 11 на Месечината.

Победникот, чие име ќе биде откриено за само неколку недели, победи на натпреварот со дваесетина учесници на онлајн аукцијата што траеше помалку од десет минути.

Почетната цена за седиштето до основачот на Амазон, неговиот брат Марк и четвртот патник, изнесуваше 4,8 милиони долари.

Џеф Безос (57), основачот на американската технолошка компанија Амазон, на почетокот на овој месец објави дека ќе биде на првиот туристички лет на својата компанија „Блу Ориџин“.

Така, на првиот лет од Тексас во капсулата „Блу Ориџин“ ќе биде екипажот, потоа основач на Амазон и неговиот помлад брат Марк, кој е пожарникар, а заедно со нив, за време на 10-минутниот скок кон вселената и назад, ќе биде и најголемиот понудувач на вчерашната добротворна аукција.

На аукцијата учествуваа речиси 6.000 лица од 143 земји, а парите од наддавањето ќе бидат дадени на Клубот за иднината, фондација на компанијата „Блу Ориџин“.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лансирана најголемата ракета во историјата: полета, па набрзо експлодира и потполно се распадна

Ана Ололовска

Научниците открија повторлив радио сигнал од планета со големина на Земјата