Мерил Стрип ќе глуми во црна комедија

Од:

Мерил Стрип ќе ја има главната улога во црната комедија „Пералница”, за која вели дека наликува на лоша шега што некој ја направил врз целото општество.

Легендарната глумица која е на самиот праг на осмата деценија од својот живот, ќе глуми жена од средната класа, излажана за пари што ги должи. Филмскиот проект е на Нетфликс.

Приказната се заснова на познатата новинарска сторија „Панамски документи“ (Panama Papers), што стана актуелна 2016 година, и разоткри глобална шема чија основа се адвокати од Панама. Тие им „помагале” на богати клиенти и компании да избегнат плаќање даноци, со што се затаени милијарди долари.

– Ова е забавен и динамичен начин да кажеш многу, многу мрачна шега, приказна со „црно срце“… Шега што некој ја направил со сите нас, изјави Мерил Стрип.

Режисерот Стивен Содерберг за списанието „Варајети” изјави оти најважно е дека „го погодиле тонот“ кон публиката, така што гледачите нема да се чувствуваат како неинформирани.

Би можело да ве интересира

Славната манекенка се разголи, а фотографијата ја објави на Инстаграм

Ана Ололовска

Каква фотографија добивате од Џеј Ло, кога до неа пишува „релаксирана“ и „со наполнети батерии“

Ана Ололовска

Познатата водителка Керолин Флек почина на 40 години

Ана Ололовска

Џастин Бибер објавува нов албум, прв по пет години пауза

Ана Ололовска

„Жешка“ фотосесија на Џенифер Анистон за 51. роденден

Ана Ололовска

Кајли Џенер на Инстаграм ја објави „најжешката“ слика досега

Ана Ололовска