„Мерцедес-Бенц“ ги предупреди купувачите за проблем во системот на ладење во неколку модели

Од:

„Мерцедес-Бенц“ ги извести сопствениците на неколку негови луксузни автомобили за проблем во системот за ладење што може да доведе до пожар, додавајќи дека во овој миг не може да ги повлече возилата бидејќи не може да ги набави потребните делови.

Проблем е можното истекување на течноста за ладење од пумпата, што може да доведе до загревање на делови од возилото. Неисправна пумпа е инсталирана во модели ГЛЕ / ГЛС (платформа 167), Ц-класа (платформа 205), Е-класа (платформа 213), С-класа (платформа 222), С-класа (платформа 223), Е-класа купе / кабриолет (платформа 238), ГЛЦ (платформа 253), ЦЛС (платформа 257) и Г-класа (платформа 463), наведуваат тие.

„Во меѓувреме, со возилата треба да се постапува со голема претпазливост и нивната употреба да се сведе на минимум. Сопственикот на возилото што треба да се повлече секогаш може да контактира со најблискиот сервисен партнер на ’Мерцедес-Бенз‘,“ се наведува во соопштението на компанијата.

„Дајмлер“ не ја потврди информацијата на весникот „Билд“ дека неисправниот систем за ладење можеби го имаат 800.000 автомобили.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска