Мел Гибсон криел дека е заразен со коронавирус

Од:

Холивудскиот актер, 64-годишниот Мел Гибсон бил хоспитализиран во април поради здравствени компликации предизвикани од коронавирусот, пишува „Пипл“.

„Тој беше хоспитализиран седум дена од моментот кога стигна позитивниот тест. Во болница го лекуваа со ’ремдесивир’. По закрепнувањето, тој беше тестиран безброј пати, но на крајот беше излекуван“, изјави близок пријател на славниот актер за „Пипл“.

Гибсон долго време ја криел оваа информација, а се претпоставува дека бил тестиран неколку недели по контактот со актерот Том Хенкс, кој отворено зборуваше за својата борба со коронавирусот.

Австралискиот актер, познат по многубројните филмски достигнувања како актер и како режисер, не е единствениот од светот на филмот што се зарази со коронавирусот – тоа претходно го објавија и Идрис Елба, Рита Вилсон, Мериен Фејтфул и Олга Кириленко.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска