Меколи Калкин на модна ревија на „Гучи“

Од:

На „Холивуд“ булеварот во Лос Анџелес се одржа ревија на италијанскиот бренд „Гучи“, предводена од дизајнерот Алесандро Микеле. На модната писта, меѓу другите, се прошета и глумецот Меколи Калкин.

dobivaj vesti na viber

Ѕвездата од „Сам дома“ носеше светло-кафени панталони и кошула и јакна со шарени детали. Комбинацијата ја комплетираше со очила и црни чевли.

Покрај Калкин, во шоуто учествуваа и неговите колеги – глумците Џоди Тарнер-Смит и Џеред Лето. На пистата прошетаа и Мајли Сајрус, Гвинет Палтроу, Лизо, Серена Вилијамс и Били Ајлиш. Прикажаната колекција се однесува на сезоната пролет – лето 2022 година и е инспирирана од „златното време“ на Холивуд.

Инаку, Меколи неодамна на Твитер го коментираше трејлерот за шестиот дел од „Сам дома“ во куќата… Според ИМДБ, засега нема податок дека тој ќе се појави во филмот што ќе излезе следната седмица.

Би можело да ве интересира

Во „KO-РА“ изложба на облека и накит на дизајнерката Александра Вељановска

Ана Ололовска

Кокев не однесе на нова дестинација со колекцијата „Пустинска роза“

Ана Ололовска

Таа беше првиот супермодел, а денес поради пластичните операции изгледа сосема поинаку

Ана Ололовска

Зендаја „оживеа“ фустан стар 30 години

Ана Ололовска

„Џорџо Армани“ откажа ревии во Милано и Париз

Ана Ололовска

Спектакуларна прослава на 100 години „Шанел бр. 5“

Ана Ололовска