Меган во долгоочекуваното интервју кај Опра: Не сакав веќе да живеам

Од:

Меган Маркл откри дека размислувала и на самоубиство поради агресивниот начин на кој британските медиуми пишуваа за неа како и поради тоа што кралското семејство не дозволувало да и се помогне. Таа и Принцот Хари во долгоочекуваното интервју кај Опра открија детали од најтешкиот период. Интервјуто е една година по нивната одлука да ја напуштат Велика Британија и кралското семјство.

„Едноставно веќе не сакав да живеам. Тие мисли ми беа постојани, вистински и многу реални рече војводката од Сасекс во интервјуто. Се обратив до семејстовто за тоа дека ми е потребна писихлошка помош, но добив одговор дека не ми едозволено бидејќи тоа не било добро за кралското семејство“ – објасни Мегам.

Сопругата на британскиот принц Хари, Меган Маркл рече дека претставници на кралското семејство „ја принудиле да молчи и да се откаже од изјави за јавноста“ по нејзината венчавка. Таа вели дека тоа биле многу тешки мигови на огорченост, во кои, просто, „не сака да живее“.

За време на интервјуто емитувано на каналот Си-би-ес, Маркл изјави и дека членовите на кралското семејство се „подготвени да лажат“ за да се бранат себе, но не биле подготвени да ги бранат неа и Хари. Во истовреме, Маркл додава дека луѓето во кралското семејство се разликуваат од „луѓето што ја водат таа институција“, односно – кралското семејство.

– Кралицата секогаш се однесуваше прекрасно кон мене, нагласи Маркл.

За време на нејзината прва бременост, како што вели Маркл, „претставници на кралското семејство биле загрижени за бојата на кожата на детето“. Таа била шокирана од гласините дека тој нема да стане принц и затоа нема да добие соодвеетна заштита.

– Тие не сакаа (бебето) да биде принц или принцеза. Не знаеја од каков пол ќе биде детето. Тоа беше вон протоколот. Додека бев бремена, тие сакаа да ги променат и традициите поради Арчи, објаснува поранешната глумица.

Кралското семејство, вели таа, не сакало да му даде титула и заштита на нејзиниот син поради „грижите и зборувањата за тоа – колку може да му биде темна кожата“ кога ќе се роди бебето. Таа одби да сподели јавно од кого потекнале овие разговори.

– Тоа би било многу опасно за нив, рече Маркл.

Таа вели дека за време на бременоста била „буквално подготвена на самоубиство“ поради притисокот од некои членови на кралското семејство. Себеси се нарече и „жртва на вистинска клеветничка кампања“.

Околу својата втора бременост, изјави дека очекува девојче ова лето. Принцот Хари возбудено ја потврди оваа вест, велејќи дека во мигов тие четворицата заедно со двете кучиња, во куќата што си ја купија во Калифорнија, се чувствуваат како среќно семејство.

Би можело да ве интересира

Хари и Меган ѝ посакаа побрзо оздравување на принцезата Кетрин

А1он

Меган и Хари сакаат ново презиме за нивните деца

А1он

Тејлор Свифт е прва, а Меган и Хари се втори „најголеми губитници“ оваа година

Горан Наумовски

Меган Маркл подготвува голем проект

(ВИДЕО) Принцот Хари и Меган Маркл за малку ќе завршеа како принцезата Дијана: Папараците два часа ги бркаа низ Њујорк

Ана Ололовска

Кралски експерт тврди: „Меган беше разочарана што принцот Хари има толку малку пари, мислеше дека има милијарди“