Меган Маркл троши над 700 евра за нега на кожа

Од:

Дерматолози од британската клиника „Вера“ открија дека Меган Маркл имала најскапа рутина за нега на кожата во кралското семејство. Имено, производите коишто таа ги користи секој ден, чинат скоро 720 евра.

На второ место е војвотката од Кембриџ, Кетрин (Кејт) Мидлтон, чии потреби и козметички производи чинат нешто повеќе од половина од оние на Меган – близу 370 евра.

Еден од поскапите производи во комплетот на Меган е навлажнувачкиот серум за лице – „Кејт Сомервил Квинч“, кој чини околу 80 евра. Маслото од чајно дрво е едно од поевтините средства и чини само 6 евра, а пак, масерот за образи, вилица и лице, од „Никола Џос“ – 410 евра. За него Меган ќе рече дека „го обликува вашето лице однатре кон надвор“.

Меѓу другите производи што ги користела војвотката од Сасекс, се навлажнувачки спреј за заштита од сонце „Нивеа“ (7 евра), пилинг во прав „Tatcha Rice Enzyme“ (68 евра), смирувачки серум „Decleor Aromessence Rose D’Orient“ (58 евра) и скапоценото масло „Caudalie Permier Cru“, коешто вреди 61 евро. Меган користи и третман на усни со свеж шеќер за 25 евра, како и марамчиња за чистење „Бјоре“, со цена 12 евра.

Би можело да ве интересира

Page Six: Војводата и војвотката од Сасекс моментално се разделени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Принцот Хари и Меган Маркл за малку ќе завршеа како принцезата Дијана: Папараците два часа ги бркаа низ Њујорк

Ана Ололовска

Децата на принцот Хари и принцезата Меган ќе ги носат титулите принц и принцеза

Кралот Чарлс ги покани Хари и Меган на крунисувањето: Двојката одби да потврди присуство на церемонијата

Кралски експерт тврди: „Меган беше разочарана што принцот Хари има толку малку пари, мислеше дека има милијарди“

Дејли Мејл: Хари и Меган ќе бидат поканети на крунисувањето на кралот Чарлс III