Меган Маркл и принцот Хари ќе ја напуштат Велика Британија по раѓањето на бебето

Од:

Додека целиот свет го чека моментот кога Меган Маркл и Принцот Хари ќе го добијат своето прво дете, фановите ги шокираше веста дека омилената кралска двојка најверојатно ќе се пресели во Јужна Африка по раѓањето на детето.

Според весникот Сан, Хари и Меган, преговараат да преминат на друг континент на четири месеци, а наводно тоа ќе се случи следната година. На листата на земји, Јужна Африка беше првата, додека Боцвана беше на второ место.

Препораките се дадени во таен документ за тоа како двојката ќе ја одреди својата иднина по раѓањето на првото дете. Сите постари членови на кралското семејство, меѓу кои и кралицата Елизабета Втора и принцот Чарлс, се согласија со планот.

Меѓутоа, во кралското домаќинство постои загриженост за цената на тој потег. Имено, според весникот Сан, со Хари и Меган во Африка, ќе се преселат и осум полицајци со полно работно време , што би чинело многу. Официјалните лица од овие земји сé уште не се консултирани, бидејќи тие се наоѓаат во раните фази на дебатата.

“Хари и Меган се многу ангажирани за овој план, иако не планираат да се селат до следната година или 2021 година”, изјави изворот близок до парот.

Би можело да ве интересира

Хари и Меган ѝ посакаа побрзо оздравување на принцезата Кетрин

А1он

(ВИДЕО) Голем пожар во Саутемптон, клубот го одложи вечерашниот натпревар

Меган и Хари сакаат ново презиме за нивните деца

А1он

Во Норфолк: Четиричлено семејство пронајдено мртво, таткото и мајката се прободени во вратот

Горан Наумовски

Обилниот снег на северот на Англија предизвика сообраќаен колапс и прекин на електричната енергија

Горан Наумовски

Во Манчестер: Полицијата и пожарникарите опколија авион поради закана за бомба

Горан Наумовски