ВИДЕО: Мечка се качуваше по стрмните карпи во кањонот Пива, луѓето ја бодреа од автомобилите

Од:

Мечка која вешто се качува по карпите во кањонот на реката Пива во Босна и Херцеговина стана хит на социјалните мрежи.

Мечката веројатно се исплашила од автомобилите и луѓето, поради што решила да се врати во шумата, а најбрзиот пат бил преку стрмните карпи. Мечката се покажала многу вешта во качувањето, а луѓето од автомобилите што ја снимале ја бодреле, внимавајќи да не падне.

За среќа, храбрата мечка не паднала, а кога стигнала на самиот врв, гордо се свртела кон набљудувачите како да знаела декаја снимаат, а потоа побегнала во шумата. Видеото на Твитер привлече големо внимание и собра илјадници прегледи.

„А што велат, да се качиш на дрво ако сретнеш мечка?“, „И замисли некој идиот да дојде и да пука во такво суштество поради спорт“, „Камерманот се загрижил за мечката додека овој се искачува нагоре“, „Бега од човекот, знае дека тоа е најголемото зло на светот“,се само дел од бројните коментари на видеото.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Жена од Белорусија починала откако бегала од мечка на северот на Словачка

Горан Наумовски

Мечка се појавила во штала во гостиварско Форино

Катерина Ѓуровски

Мечка нападнала дански турист на Шар Планина

Орце Костов

ВИДЕО: Чувар во хотелот го нападна голема мечка

Предраг Петровиќ

Мече загина во сообраќајка на локалниот пат кон село Вејце