Маски за спиење – предности и недостатоци

Од:

Спиењето е една од најважните алки во човековото здравје. Сепак, денес сѐ поголем број луѓе страдаат од недостаток на сон, поради што прибегнуваат кон маски за спиење.

Маските за очи се одлични за оние на кои им е тешко да заспијат и да спијат без прекини. Ако се одлучите да пробате маска за спиење, можеби ќе ви требаат неколку ноќи за да се навикнете. Нејзиниот единствен недостаток е, можеби, будењето наутро.

Имено, кога светлината ќе го допре окото, вашиот мозок ослободува хормони одговорни за будење на телото. А, ако носите маска за спиење, светлината не стига до очите, па будењето може да потрае некое време…

Маските за спиење можат да помогнат при појава на т.н. суви очи. Иако не помагаат во задржување на влагата, тие можат да го запрат протокот на воздух однадвор и да спречат понатамошно сушење на очите. Маската, исто така, помага да изгледате поодморено, оти спиете подобро.

Има и маски за спиење со арома-терапевтски својства. Тие содржат мириси како лаванда или камилица кои помагаат во смирувањето и намалувањето на чувството на стрес.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска