Маск: Привремено суспендирано преземањето на Твитер

Од:

Милијардерот Илон Маск соопшти дека процесот на преземањето на Твитер привремено е запрен, за да се провери колкав процент од активните корисници на платформата отпаѓа на лажни профили.

Од социјалната платформа беше соопштено дека лажните профили или т.н. спам-сметки сочинуваат помалку од пет отсто од 226-те милиони дневно активни корисници, проценка што сега ќе биде предмет на проверка.

Маск на крајот на минатиот месец ја купи платформата за 44 милијарди долари.

Од Твитер беше потврдено дека е постигнат купопродажен договор со Маск, по цена од 54,2 долари од акција. По завршувањето на трансакцијата компанијата ќе стане приватна сопственост. Согласно постигнатиот договор акционерите на Твитер ќе добијат 52,20 долари за секоја акција што ја поседувале во моментот на договорената трансакција. Куповната цена е за 38 отсто повисока од цената што акциите на Твитер ја држеа на 1 април годинава, последниот ден од тргувањето со акциите на компанијата, кога и Маск објави дека купил удел од околу девет проценти во Твитер.

Самата платформа се смета за „јавно дигитално местко каде се расправа за витално важни содржини за човештвото“.

Маск инаку изјави дека слободата на говорот е темелна вредност на демократијата.

Би можело да ве интересира

Бразилски судија покрена истрага против Илон Макс

Катерина Ѓуровски

Илон Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот

(ВИДЕО) Американци и Русин тргнаа со ракетата на Маск кон вселенската станица

Маск: Нема шанси Путин да ја загуби војната во Украина

Маск: Вградивме чип во човечкиот мозок

Горан Наумовски

ВИДЕО: Лансиран Старшип на Илон Маск, Spacex загуби контакт со мега-ракетата

Катерина Ѓуровски