Маск потврди дека има близнаци со колeшка од „Тесла“

Од:

Елон Маск потврди за „Пејџ сикс“ дека добил близнаци со Шивон Зилис, извршна директорка на неговиот стартап за вештачка интелигенција „Неуралинк“.

Милијардерот им се заблагодари на новинарите на порталот кои му се јавиле да ја проверат информацијата и му честитале.

„Браво за големите семејства“ додаде тој во интервјуто за „Пејџ сикс“.

Запрашан уште колку деца би сакал да има, Маск рекол: „Што повеќе. Сакам да го поминувам слободното време со нив и да бидам добар татко. Моите најстари деца сега се на факултет, а тинејџерите не сакаат да поминуваат многу време со своите родители. Посакувам да беше поинаку.“

За потсетување, Илон и Шивон добија близнаци во ноември 2021 година, но оваа информација дури сега стана јавна. „Бизнис-инсајдер“, кој доби пристап до судските документи, пишува дека Маск и мајката на близнаците поднеле барање до судот децата да го имаат презимето на нивниот татко и презимето на нивната мајка како дел од нивното средно име.

Судија од Тексас го одобрил барањето еден месец подоцна.

Би можело да ве интересира

Бразилски судија покрена истрага против Илон Макс

Катерина Ѓуровски

Илон Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот

(ВИДЕО) Американци и Русин тргнаа со ракетата на Маск кон вселенската станица

Маск: Нема шанси Путин да ја загуби војната во Украина

Маск: Вградивме чип во човечкиот мозок

Горан Наумовски

ВИДЕО: Лансиран Старшип на Илон Маск, Spacex загуби контакт со мега-ракетата

Катерина Ѓуровски