Маск нема да го купува „Твитер“

Од:

Адвокатскиот тим на Илон Маск напиша писмо до „Твитер“ во кое информира дека тој го прекинува предложеното купување поради тоа што компанијата го прекршила договорот за спојување.

Во писмото, магнатот наведува дека сака да се повлече од договорот бидејќи компанијата прекршила повеќе одредби од тој Договор, давала неточни изјави врз кои тој се потпирал при склучувањето на истиот“.

„Твитер“ реагираше експресно со соопштение во кое најавува дека ќе покрене правна постапка против Маск за да се осигура дека договорот ќе се реализира според договорените услови.

Управниот одбор порача дека компанијата ќе се обиде по судски пат да ја спроведе купопродажбата.

„Одборот е посветен на комплетирање на трансакцијата согласно цената и условите договорени со г-дин Маск и планира да покрене правна постапка за да го зацврсти договорот за спојување. Уверени сме дека ќе победиме на суд во Делавер“, твитна во петокот Брет Тејлор, претседател на одборот на „Твитер“.

Претходно истиот ден, Маск ја обвини компанијата дека не обезбедила детални информации за лажните и спам-профили на платформата и не им дала доволно податоци на Маск и неговиот тим за да направат сопствена анализа.

„Речиси два месеци, господин Маск бара податоци и информации за да направи независна проценка за распространетоста на лажни и спам профили на Твитер-платформата. Компанијата не успеа или одби да ни ја обезбеди оваа информација,“ пишува адвокатскиот тим на Маск во барањето за прекин на постапката.

„Твитер не достави информации и покрај тоа што господин Маск во неколку наврати даде детални појаснувања наменети за поедноставување на идентификација, собирање и обелоденување на најрелевантните информации на кои тој инсистираше во своите првични барања.“

Маск, односно неговиот адвокатски тим, исто така, тврди дека отпуштањето на неколку клучни раководители на компанијата и замрзнувањето на нови вработувања биле направени без претходни консултации со него, што според негово мисење, исто така е прекршување на договорот.

Американски медиуми предупредуваат дека, наводно, согласно договорот, Маск ќе треба да плати надокнада од 1 милијарда долари поради откажување од намерата за преземање.

Акциите на „Твитер“ паднаа за 7 отсто во продолженото тргување во петокот, а на почетокот на денот беа 37,51 долари.

Аналитичарите од „Ведбуш секјуритис“ ја нарекоа одлуката на Маск „катастрофално сценарио за Твитер“ и прогнозираа дека акциите на компанијата ќе продолжат да паѓаат. Тие предвидуваат дека на отворањето на берзите во понеделник наутро, вредноста ќе се движи во опсег од 25 до 30 долари.

Би можело да ве интересира

Бразилски судија покрена истрага против Илон Макс

Катерина Ѓуровски

Илон Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот

(ВИДЕО) Американци и Русин тргнаа со ракетата на Маск кон вселенската станица

Маск: Нема шанси Путин да ја загуби војната во Украина

Маск: Вградивме чип во човечкиот мозок

Горан Наумовски

ВИДЕО: Лансиран Старшип на Илон Маск, Spacex загуби контакт со мега-ракетата

Катерина Ѓуровски