Мараја Кери предизвика гнев кај американските конзервативци

Од:

Пејачката Мараја Кери објави заедничка фотографија со ѕвездата на американското рагби Колин Керпник, со натпис „Каква чест е да го запознаам“, со што предизвика гнев кај американските конзервативци.

„Не, Мараја. Досега ми беше омилена“, „Со години одам на твоите концерти, но сега ме разочара, Тој не е никаков херој“, „Те бришам од Инстаграм. Збогум“, „Не гледам тука никаква чест“, се само дел од негативните коментари до пејачката.

Имено, рагбистот деновиве е познат по тоа што на изведувањето на американската химна пред натпревар, тој намерно се наведна, како протест поради полициските убиства на неколку Афроамериканци. Некои тоа го протолкуваа како непочитување единствено на националната химна и дека има други начини да се изрази незадоволство и протест.

Поради тој потег, многу конзервативци ги запалија своите „Најк“ патики, оти Керпник веќе неколку месеци е дел од новата кампања на брендот.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска