Мараја Кери најави нова божиќна песна

Од:

Авторката на вечниот хит „All I Want For Christmas Is You“ – Мараја Кери одлучи повторно да ги згрее своите обожаватели за претстојните празници, па следниот петок ќе објави нова божиќна песна.

dobivaj vesti na viber

Синглот е насловен „Fall In Love with Christmas“ и е во соработка со Калед и Кирк Френклин. Ова го објави самата „кралица на Божиќ“ на својот интернет-простор покрај куса видеонајава со Кери светкав „Дедо Мраз“ костим.

„Подготвени сте? Одиме!“, напиша таа под видеото на Инстаграм.

Потсетуваме дека Мараја Кери е меѓу најпрофитабилните изведувачи на божиќни евергрини. Секоја година, таа додава до милион долари од авторски права и слични приходи на нејзината банкарска сметка, поради безвременскиот хит „All I Want For Christmas Is You“, којшто пејачката го напиша и го продуцираше. Од објавувањето, 1994 година, песнава ѝ донесе повеќе од 60 милиони долари приход.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Концерт посветен на Украина, пеат голем број украински и светски музички ѕвезди

Ана Ололовска

„Ворнер мјузик“ ги доби правата за сите песни на Дејвид Боуви

Ана Ололовска

Whitesnake ќе одржат концерт во Скопје

Ана Ололовска

Концерт на Стинг во Сараево во организација на „Авалон“

Ана Ололовска

„АББА“ денеска го објавува новиот албум

Ана Ололовска

Елтон Џон му забележа на Ед Ширан оти ја издаде тајната за идниот заеднички дует

Ана Ололовска