„Манго“ лансира колекција долна облека за жени со рак на дојка

Од:

Брендот „Манго“ наскоро ќе ја пушти в продажба првата колекција наменета за жени кои страдаат од рак на дојка, а таа ќе содржи долна облека и костими за капење.

Без соодветна и удобна долна облека, тешко е да се замисли секојдневниот живот, и ова е нешто со што жените со рак на дојка, како што пишува шпанското списание „Ел“, постојано се борат со тоа, бидејќи облеката е дизајнирана главно според „идеалните пропорции“ на женското тело. Затоа, модната куќа претстави три градници, дводелни и два едноделни костими за капење наменети за овие жени.

Важноста на редовните прегледи на дојките со цел превенција и рано откривање на рак на дојка е сѐ почеста тема во разни кампањи на Интернет, па не е изненадување што „Манго“ реши да го поддржи ова движење со вистинска облека што ќе ги задоволи потребите на жените.

Достапните големини ќе бидат од S до XXXL, а од компанијата тврдат дека и цените ќе бидат пристапни.

Би можело да ве интересира

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски

Ја исмеваа поради изгледот по породувањето: Адријана Лима брутално им одговори на критичарите со нова фотографија

Ана Ололовска