„Макфест“ годинава ќе се одржи во октомври

Од:

Фестивалот на забавна музика „Макфест“ наместо во јуни годинава ќе се одржи во октомври. Директорот на фестивалот „Макфест“, Љупчо Мирковски на денешната прес-конференција рече дека до пред неколку години обичај беше фестивалот да се одржува токму во октомври, а стариот датум се враќа на барање на штипјани.

Жири комисијата на фестивалот од денеска почнуваат со преслушување на композициите кои се пристигнати на конкурсот.

– Можам да кажам дека сме мошне задоволни од пристигната бројка на композиции. Пристигнати се некаде околу 140 песни, дел од нив се од домашни, а дел од странски автори. Тоа е благодарејќи на она што го правевме минатата година со странските изведувачи по што малку се прошири веста низ Европа дека овде има фестивал кој заслужува внимание, вели Мирковски.

Тој посочи дека се пристигнати песни од Киргистан, Белорусија, Шведска, Норвешка, Германија, Куба и од Шпанија.

Фестивалот „Макфест“ ќе се одржи на 5, 6 и 7 октомври. Првите две вечери се полуфинални и на нив ќе настапат и домашните и странски изведувачи, а третата на 7 октомври е финална вечер. Мирковски најави дека ќе имаат новини во делот на гласањето, а наградите за најдобрите изведувачи и композиции остануваат исти, односно првата награда носи 10.000 евра, втората 7.500 евра, а третата 5.000 евра.

Фестивалот „Макфест“ и оваа година финансиски е поддржан од Министерствто за култура.

Би можело да ве интересира

Со кревањето на фестивалското знаме, започна „Макфест“

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

Завршен изборот на композиции на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска