Македонија нема да учествува на „Евровизија 2023“

Од:

Македонската Радио Телевизија ја информира јавноста за донесената одлука, идната година да не учествува на Изборот за песна на Евровизија што ќе се одржи во Обединетото Кралство.

dobivaj vesti na viber

„Ваквата одлука е во најдобар интерес на граѓаните, имајќи ги предвид зголемените трошоци поради енергетската криза, коишто зафаќаат голем дел од буџетот на Јавниот сервис, како и зголемената котизација за самото учество на „Евросонг 2023“, којашто до минатата година изнесуваше 39.143,00 евра, а идната година се очекува да биде повисока. Оваа одлука ќе овозможи заштеда на средства коишто би требало да бидат издвоени за престојот на македонската делегација во Ливерпул, кадешто се одржува „Евросонг 2023“, велат од МРТ.

Македонската Радио Телевизија на своите сервиси ќе ја пренесува манифестацијата, двете полуфинални вечери и големото финале. МРТ се надева дека состојбата ќе се стабилизира, по што земјава повторно ќе се врати со учество на Евровизија во 2024 година.

Би можело да ве интересира

Промени на Евровизија – се воведува онлајн гласање

Горан Наумовски

Ливерпул ќе биде домаќин на Евровизија следната година

Катерина Павлова-Николовска

Евровизија 2023 нема да се одржи во Украина, Велика Британија може да биде домаќин

А1он

„Калуш оркестар“ го продадоа евровизискиот трофеј за да соберат пари за украинската армија

Ана Ололовска

Нов скандал за мамење на Евровизија, Романија тврди: Не и дадовме 12 поени на Украина!

Ана Ололовска

Реакција на Русија за победа на Украина на Евросонг

Катерина Павлова-Николовска