Американската компанија „Мајкрософт“ потврди дека планира да го купи одделот на корпорацијата „Нокиа“ за производство на мобилни апарати.
Зделката ќе изнесува 7,2 милијарди долари. Се очекува купопродажниот договор да заврши во првиот квартaл од 2014 година.
Договорот предвидува „Мајкрософт“ да ги добие и сите патенти на „Нокиа“ за мобилните апарати.