Мајката на Ноле работела по 16 часа во ресторан за тој да стане тенисер

Од:

Дијана Ѓоковиќ, мајката на најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, го бодреше својот син за време на историскиот натпревар со Роже Федерер во финалето на „Вимблдон“.

Дијана емотивно го доживуваше секој поен. Таа носеше крст околу вратот, којшто често го држеше во раката за време на натпреварот, се молеше за својот син и му донесе среќа!

За семејтвото Ѓоковиќ се пишува и се знае многу, но не и за мајката на Ноле.

Дијана е родена во Белград 1964 година. Нејзиниот татко бил одбојкар и сметал дека таа треба да биде спортистка. Дијана не успеала да го заврши факултетот, целиот живот го посветила на своите деца.

„Ги имам и Марко и Џоле, сопруга сум, не се работи само за Новак. Можеби јас најмногу настојувам да останат цврсто на земја, да не полетаат, да ги канализираат емоциите. Не можев ниту да замислам дека ќе биде вака, но се случи. Новак е тоа што е, среќни сме и горди. Татко им Срѓан го одбра името за првороденчето Новак, а тој го одбра името за неговиот брат Марко. Ѓорѓе го одбрав јас. Ми звучеше моќно – Ѓорѓе Ѓоковиќ. Новак има свој пат, а Марко и Ѓорѓе сеуште го бараат. Носат тежок товар, сами одбраа да се занимаваат со тенис, иако можеби ќе им беше полесно ако одбереа друг спорт.“- изјави во една прилика Дијана.

Кога семејтвото сфати дека Новак е талентиран, направија се за да му помогнат да го оствари својот сон, но поминаа низ вистински пекол.

Неговата мајка Дијана во интервју за хрватски “Večernji list” откри дека семејството било на работ на финансиски колапс во деведесетите години поради неговата кариера.

Во еден момент дури се соочиле со толкави проблеми што можеле да го изгубат ресторанот кој го поседувале а бил единствениот извор на приходи на семејството.

Новак патувал со татко му Срѓан, а Дијана работела по 16 часа, печела палачинки, подготвувала пијалоци, работела на шанк, а сите заработени пари биле вложени во сонот на првиот рекет на светот.

Но тие не го оптоварувале Новак со тие проблеми. Се извлекле од кризата. Успехот на Новак е успех на семејтвото. Сето тоа го постигнале сами со помош на неколку пријатели, без поддршка од државата. Тие преживеаа 17 години лудило, но имаа само една цел – Новак да стане она што е, најдобриот тенисер на светот.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ