Маид Хечимовиќ сними спот во Скопје

Од:

Пред неколку дена заврши снимањето на првата песна и видеоспот на популарниот пејач Маид Хечимовиќ во Скопје.

Момчето кое по учеството на музичкото шоу „Х-Фактор“ стана миленик и на македонската публика, во нашата метропола го снимаше спотот за песната „Док он те љуби“ (Додека тој те љуби). Станува збор за песна на братско-сестринскиот тандем Магдалена и Лазар Цветковски.

– Ова е моја прва песна по завршувањето на „Х-Фактор“ и да бидам искрен едвај го чекав овој момент. Особено ми е драго што песната е на двајца врвни музички имиња од Македонија. Бескрајно сум благодарен на Лазе и Магдалена за преубавата песна. Особено ми е драго што и спотот го снимавме во Скопје, бидејќи вашата земја ми е посебно драга, можеби втора омилена земја по мојата родна Босна и Херцеговина – вели познатиот пејач.

Инаку спотот е под режисерска палка на познатиот Дарио Јанковиќ, додека монтажата е на Дади Ивановски. Истиот се снимаше во хотел „Русија“ и болницата „Филип 2“.

Покрај Маид, главни улоги во спотот се и манекенките Антонија и Ива од модното студио Црнокрак.

Маид веќе работи на својот прв албум на кој ќе се најдат песни од познатата пејачка Емина Јаховиќ, Жељко Јоксимовиќ и уште неколку други познати имиња.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски