Постои апликација за мобилни телефони со која може да се оценуваат мажите.
Можеби веќе сте слушнале за оваа апликација, а ако не сте – нејзиното име е Лулу и е ноќна мора за секој маж. Лулу имено им овозможува на жените да ги оценуваат мажите и да оставаат свои коментари за нив. Сите заинтересирани корисници (над 18 години) мора да се пријават преку Фејсбук и при тоа можат да ги оценуваат своите пријатели на таа друштвена мрежа. Исто така,секој може да го види она што девојките го кажале за своите пријатели.
Прашањата се поставени во облик на квиз, а се оценува буквално се – од изглед, лични особини, навики, љубовни вештини итн.
Главна идеја на апликацијата е да ги ослободите жените од лошите состаноци, сите корисници се анонимни, а вашите машки пријатели немаат поим дека ги оценувате.