Луксузен „див“ хотел на Нов Зеланд

Од:

Најновото префинето одморалиште на Нов Зеланд, хотелот Линдис, сместен во Ахурири Долината, претставува одличен пример на „див“ луксуз.

По 2,5-часовно возење од Квинстаун и исто толку долго уживање во пејзажите на дивината, се стигнува до хотелот, кој заедно со целото земјиште зафаќа површина од 2.500 хектари, и се наоѓа на самиот раб од националниот парк Ахурири.

Така, местото изобилува со снежни планински врвови, шуми, мочуришта и тревници.

Во смисла на рекреација, Националниот парк нуди: риболов, јавање коњи, електровелосипедизам, планинарење и прошетки со или без водич.

Навечер, главна „атракција“ е опуштено набљудување на ѕвезденото, ведро и, најважно од сѐ – незагадено небо.

Гастрономијата пак, која е прилично обилна, се одликува со локални специјалитети и вински подрум со богат избор вино.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Делфините им приредија спектакл на туристите кај Валона

Ана Ололовска

Забрана за Мекдоналдс крај историски објект во Рим

Ана Ололовска

Пилот барал пари од патниците за гориво

Ана Ололовска

Неактивен вулкан се продава за 55.000 евра

Ана Ололовска

Бројот на ноќевања во Виена пораснал за 10 отсто

Ана Ололовска

Десетгодишно девојче го освои врвот Спантик и постави светски рекорд