Лорин Хил ќе лежи во затвор поради неплатен данок

Од:

Поранешната пејачка на групата Fugees Лорин Хил доби три месечна затворска казна поради даночно затајување. Таа беше осудена во мај годинава, откако судот утврди дека затаила данок од милион долари во текот на минатата деценија.

По истекот на три месечната казна, Хил ќе мора да помине уште три месеци во куќен притвор.

lorin-hil1

Откако Хил се изјасни за виновна, нејзиниот адвокат бараше условна казна за пејачката, велејќи дека со нејзината хуманитарна работа како и семејните околности, Хил го заслужува тоа.

Лорин Хил започна да настапува во хип – хоп групата Gugees како тинејџерка, пред издавањето на нејзиниот соло деби албум „The Miseducation of Lauryn Hill “ во 1998 година. Има освоено 5 греми награди и продадени преку 19 милиони албуми во светот.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска