Лондонските знаменитости ќе изгорат во пламен

Од:

Група уметници планираат да ја запалат Зградата на Парламентот во Лондон и тоа без никакви последици. Имено тие планираат да изградат реплика на Тауер бриџ, зградата на Парламентот и Тауер оф Лондон на уметничкиот настан Брнинг мен (Burning Man) ова лето во Невада.

Иако имресивната инсталација ќе биде мошне скапа и ќе бара многу работа за изградбата, таа ќе биде запалена до темел, имајќи предвид дека мотото на овој фестивал е „не оставај траги“.

Алан Мекен од Даблин е идеен творец на овој проект. Брнинг мен 2013 се одржува од 26 август до 2 септември.

Иако на многумина ваквите настани им изгледаат неразумни, дури 50 илјади луѓе од целиот свет доаѓаат во оддалечената пустина, која одамна е позната како место за собирање на уметници, филозофи и љубители на добрите забави.

Учесниците имаат можност да се изразат преку различни гранки на уметноста, а на крајот од неделата сите нивни дела завршуваат во пламен.

– Убавината е во тоа што на крајот се се враќа на „празното платно“, вели Мекен, кој прв пат минатата година присуствуал на овој настан. Неговиот план да ги изгради лондонските знаменитости ќе чини „само“ 20 илјади долари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон

Два напади со самострел во Лондон

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Гори полициска станица во Лондон, пожарот го гаснат 175 пожарникари

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во Лондон, 11 лица завршија во болница

Горан Наумовски

Демонстрантите во Лондон кои маршираа за поддршка на Палестина го затворија Тауер бриџ

Горан Наумовски

Полицијата oд Лондон извести: Веруваме дека го пронајдовме телото на напаѓачот од Лондон

Горан Наумовски