„Љубов си ти“ – првиот аудио/видео проект на „SAP Brothers“

Од:

Браќата Бранко и Влатко Сапламаеви, познати и како „SAP Brothers“, имаат видео за нивната прва песна „Љубов си ти“.

Музиката е на „SAP Brothers“, режија, снимање и монтажа на нивниот продуцент и пријател Ѓорги Вацев. Аудио продукцијата исто така е на Ѓорги Вацев. На гитара настапува Горан Алич, а придружен вокал е Василка Ќортошева.

-Единственото нешто што го сакаме во моментов е на спонтан и ненаметлив начин да ви ги оттргнеме мислите од секојдневието и да ве поканиме во еден поинаков, и барем за нас, интересен и забавен свет, изјави Бранко Сапламаев, постариот од двајцата.

-Оваа е наша приказна, но мора да признаам дека си земавме и малку уметничка слобода за да ја раскажеме на поинаков начин. Ние се фокусираме на музиката, љубовта, имагинацијата и смеата и затоа го направивме ова. За забава и задоволство, наше и ваше, порачува Влатко Сапламаев, другиот член на дуото.

„SAP Brothers“ соопштија дека почнуваат со работа на наредното поглавје од овој, како што велат, забавен проект.

Би можело да ве интересира

Диџеј Хозе Падиља почина од рак

Ана Ололовска

Аријана Гранде го најави својот нов албум

Ана Ололовска

ВИДЕО: Почина Пол Матерс, бас гитаристот на „Еј-Си/Ди-Си“

А1он

Пост Малоун триумфираше на американските Билборд награди

Ана Ололовска

Ричи Самбора не жали за напуштањето на „Бон Џови“

Ана Ололовска

Ријана им се извини на муслиманите, откако ненамерно ги навреди со песна

Ана Ололовска