Литванка родила пијано бебе

Жена од Литванија родила женско бебе кое имало толку многу алкохол во крвта што здравјето му е во сериозна опасност.

Мајката, која лекарите велат дека била пијана за време на породувањето, пиела дома, но не можела да им каже колку пиела.

Неонатологот Наталија Григориева, рече дека девојчето е родено со 2,5 килограми и изгледа добро, но тешко е да се каже што ќе се случи со неа во иднина.

Лекарите велат дека бебето има повеќе алкохол во својот систем отколку што се смета за тешка состојба на интоксикација кај возрасен, предизвикувајќи можни проблеми со функцијата на срцето и дишењето.

Мајката е стабилна, но бебето можеби ќе мора да остане во болница некое време, дури и со недели, се додека телото на бебето не биде целосно исчистено од алкохол.

Против несовесната мајка ќе биде покренато соодветно обвинение.

Литванија го забрани рекламирањето на алкохол и ја зголеми возраста за конзумирање алкохол од 18 на 20 години, со цел да се спречи потрошувачката во една од нациите што пијат најмногу во светот.

Би можело да ве интересира

Дубаи воведе месечни дозволи за алкохол

Татјана Ташкова

Претседателот на Литванија Гитан Наусед положи заклетва во Парламентот

Скок на цените на куќите во Естонија, Летонија и Австрија

Топлотен бран ја погоди Литванија, шест лица се удавија

Ана Ололовска

Гитанас Науседа нов претседател на Литванија

Ана Ололовска

Во светот расте конзумирањето алкохол

Ана Ололовска