Литванец бил единствен патник во огромен „боинг 737“ на лет за Италија

Литвански државјанин кој летал за Италија бил пријатно изненаден откако по качувањето во авионот дознал дека тој е единствениот патник на летот.

Скирмантас Стримаитис за агенцијата АП изјавил дека патувал сам во авионот од типот „боинг 737-800“. Авионот полетал од литванската престолнина Вилнус до италијанскиот град Бергамо. Стримаитис патувал во Италија на одмор и скијање, а летал сам во авионот кој може да прими дури 188 патници.

Покрај него, во авионот биле уште двајцата пилоти и петмината членови на екипажот.

Стримаитис за АП рекол дека летот, кој траел два часа, бил уникатно искуство во неговиот живот.

Би можело да ве интересира

Кавга меѓу коалициските партнери во Италија, можни се предвремени избори

Ана Ололовска

Зголемена активноста на вулканот Етна во Сицилија

Ана Ололовска

Салвини: Неонацисти ми планирале атентат

Ана Ололовска

Салвини планира да ги затвори ромските кампови во Италија

Се запали автобус среде Рим

Татјана Ташкова

Претседателот на Литванија Гитан Наусед положи заклетва во Парламентот