Литванците возат најстари автомобили во ЕУ

Од:

Литванците возат најстари автомобили во Европската унија, а Луксембуржаните – најнови, според последниот извештај на Европската асоцијација на производители на автомобили (АЦЕА), за просечната старост на возилата во Европа.

Просечната старост на возниот парк на европските возила е 10,8 години за автомобили, 10,9 години за комбиња, 12,4 години за камиони и 11,4 години за автобуси. Бројките се разликуваат од земја до земја.

Купувачите од Источна Европа имаат тенденција да ги возат своите возила многу подолго од западните. Говорејќи само за патнички автомобили, Луксембург и Австрија имаат „најсвеж“ возен парк во Европа, со просечна старост од 6,4 и 8,2, соодветно. На спротивната страна на спектарот се Литванците, кои возат автомобили стари во просек 16,9 години, Естонците (16,7 години) и Романците (16,3 години).

Што се однесува до Западна Европа, просечната старост на патничките возила во Франција и Белгија е 9 години, во Данска 8,8, во Германија 9,5 и во Шведска 9,9 години.

Од околните земји, возниот парк во Словенија е просечно 10,1 години стар, а во Хрватска – 12,6 години. Граѓаните на Грција и Чешка, исто така имаат прилично стари автомобили, во просек – по 15,7 и 14,8 години, соодветно. Податоците од извештајот се од минатата 2019 година.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска