Листа со 25 најдобри филмови во 2018 година

Од:

Порталот „Јаху Ентертејнмент“ објави листа со 25 најдобри филмови во 2018 година. На листата најмногу има драми, а исто така речиси сите, освен два филма, се од англиско говорно подрачје.

25. „A Quiet Place“

Постапокалиптичната приказна за луѓето што не смеат да изустат ни збор за да не бидат изедени од надмоќните вонземјани, е доволно силна и оригинална за критиката да ја смести во оваа листа.

24. „The Hate U Give“

Моќна криминалистичка драма за полициската бруталност и пресекување на синџирот на омразата.

23 „Shoplifters“

Јапонска драма за семејство ситни криминалци кои наоѓаат напуштено дете што од корен им ги менува животите.

22. „Creed 2“

Спортска драма, всушност е осмото продолжение на серијалот филмови за Роки Балбоа.

21. „Mandy“

Психоделичен хорор, а дејствието се одвива во 1983 година. Првиот уметнички успешен проект со Николас Кејџ по подолго време.

20. „The Favourite“

Драма чие дејствие се одвива на почетокот од 18 век за време на војната на Англија со Франција.

19. „Sorry to Bother You“

Научна фантастика, која ја споредуваат со ланскиот хит мистерија „Излегувај“, но со своите сопствени оригинални елементи, може да привлече уште повеќе приврзаници.

18. „The Rider“

Кинеската режисерка Клои Жао сними успешен вестерн филм.

17. „First Man“

Филмов само ги следи претходните високобуџетни научнофантастични проекти како „Гравитација“, „Живот“ и „Пристигнување“ но сега збогатен со историска, вистинска приказна за стапнувањето на Нил Армстронг на Месечината.

16. „First Reformed“

Моќна приказна за свештеник кој доживува криза во својата верба во Бог.

15. „Paddington 2“

Ретко се случува продолжението да го достигне, а уште поретко и да го надмине оригиналот. Ова е еден од тие случаи.

14. „BlackKklansman“

Вистинска приказна за детектив црнец кој успешно се инфилтрирал во расистичка група на Кју-Клукс-Кланот.

13. „Cold War“

Епска драма на Павел Павликовски за Студената војна во Полска.

12. „Annihilation“

Уште еден од оние високобуџетни софистицирани научнофантастични проекти за вселенските мистерии.

11. „Eight Grade“

Комедија за животот на една тинејџерка во и вон училиштето.

10. „Won’t You Be My Neighbor?“

Документарен филм за познатиот американски телевизиски водител Фред Роџерс.

9. „Widows“

Драма снимана по истоимената серија од 1983 година за група жени кои се обидуваат да ги осветат своите сопрузи кои загинаа при грабеж.

8. „Leave No Trace“

Емотивна драма за тоа да се биде успешен родител, која ги собра симпатиите и на критичарите и на публиката.

7. „Spider-Man: Into the Spider-verse“

Анимиран филм за Спајдермен.

6. „If Beale Street Could Talk“

Според многумина, режисерот Бери Џенкинс со својот нов проект го надминал својот оскаровски филм „Месечева светлина“.

5. „Mission: Impossible – Fallout“

Шести дел од серијалот Невозможна мисија и агентот Итан Метју Хант

4. „Can You Ever Forgive Me?“

Биографски филм за писателката Леа Израел.

3. „A Star Is Born“

Музичка романтична драма во која настапуваат Бредли Купер и Лејди Гага. Всушност филмот е римејк на истоимениот филм од 1937 година

2. „Black Panther“

Суперхеројскиот филм за социјалната правда, политичкиот набој и личната одговорност го потисна третиот дел на „Одмаздници“, кој исто така собира многу позитивни критики.

1. „Roma“

Драма чие дејство се одвива во 1970 и 1971 година во населба во Мексико Сити претежно населени со Италијанци, режисерот покажа како знае успешно да ја дозира филмската емотивност и тоа да го доведе речиси до совршенство.

Би можело да ве интересира

Годзила против Кинг Конг“ со рекордна заработка при пандемија

Продолжува снимањето филмови и серии во Калифорнија

А1он

Познатите телевизиски серии во САД се вклучија во донација на оние кои им е најпотребно

А1он

Пет животни лекции од филмот „Кум“

А1он

Страните со пиратски филмови се повеќе популарни за време на домашниот карантин

А1он

„Скопје филм фестивал“ презакажан за во септември

А1он